Жените и политиката:Вклученоста и влијанието на жените во политиката во Македонија

Петок, 20 Ноември 2015 14:26 FES
Печати

132890558-21846

На 12.11.2015 се одржа дебатата насловена како Жените и политиката:Вклученоста и влијанието на жените во политиката во Македонија во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Платформата за родова еднаквост.

Дебатата се одржа еден ден по донесување на одлуката во рамки на СДСМ за зголемување на квотата за застапеност на жените на 40%, измена која се очекува понатаму да влезе и во Изборниот законик.

На настанот се дебатираше за се уште малата вклученост на жените во политиката на највисоките одлучувачки места, поаѓајќи од фактот дека во моментот од 20 министри само 2 се жени, што претставува само 10% од функциите во Владата. Исто така од 85 градоначалници има само 4 жени, што покажува дека онаму каде што нема квоти застапеноста на жените на одлучувачки позиции занемарлива.

Како заклучок за решавање на проблемот на жените со двојниот товар на обврски во домот и работата понудени се две решенија – едниот начин е државата системски да понуди сервиси и модели кои ќе им помогнат на жените да ги балансираат професионалните и домашните обврски, но и политичките партии да развијат сензибилитет и да креираат услови кои ќе им помогнат на жените наспроти домашните обврски да учествуваат во политичките процеси.

http://sitel.com.mk/debata-za-vkluchenosta-na-zhenite-vo-politikata-vo-makedonija-0 

http://meta.mk/debata-za-vkluchenosta-na-zhenite-vo-politikata/