К О Н К У Р С за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016 г

Вторник, 15 Март 2016 10:37 FES
Печати

 Фондација Фридрих Еберт - Скопје

во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија распишуваат 

К О Н К У Р С 

 за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016 г. 

 (деветта Политичка академија за социјална демократија)

Првиот Форум за јавни политики е продолжение на долгогодишниот образовен проект Политичка академија за социјална демократија. Основна цел на Форумот е да обезбеди платформа за развој и промоција на јавни политики во различни општествени сфери во духот на вредностите на социјалната демократија.  

Форумот за јавни политики ќе им овозможи на учесниците експертска подршка, емпириски податоци и практични искуства за развој на јавна политика во определена област преку континуиран дијалог со сите релевантни и засегнати општествени чинители.

Првиот Форум за јавни политики ќе се фокусира на образовните политики во сите степени на образование и ќе понуди целосни и кохерентни решенија.

Конкурсот можете да го преземете ОВДЕ

Пријавата можете да ја преземете ОВДЕ