К О Н К У Р С за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016 г.

Понеделник, 16 Мај 2016 12:51 FES
Печати

Фондација Фридрих Еберт - Скопје во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија распишуваат К О Н К У Р С за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016 г.

 Фондација Фридрих Еберт - Скопје  

во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија распишуваат  

   

К О Н К У Р С 

за учесници на првиот Форум за јавни политики во 2016г.

 

Форумот за родова еднаквост е проект чија главна цел е да обезбеди инклузивна платформа за развој и промоција на јавни политики во сферата на родовата еднаквост во духот на вредностите на социјалната демократија.   

Форумот за родова еднаквост ќе им овозможи на учесниците/чките платформа за подлабоко проникнување во родовите аспекти преку експертска подршка и емпириски податоци, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања преку практични искуства и континуиран дијалог со сите релевантни и засегнати општествени чинители. Преку активностите на Форумот, учесниците/чките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родовото насилство и дискриминација, зајакнувањето на позицијата на жената во општеството, родовото анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија.  

Конкурсот можете да го преземете ОВДЕ